Почетна ЕкономијаСијарто: Унгарија против воена операција на ЕУ во Украина

Сијарто: Унгарија против воена операција на ЕУ во Украина

од nenad
1 минути читај за

Унгарија нема да даде зелено светло за воена интервенција на Европската унија во Украина, ниту пак било каква друга мерка што потенцијално би го спречила мирното разрешување на кризата, истакна денес министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во пресрет на неформалниот собир на дипломати од земјите членки на ЕУ во Копенхаген.

Во своја објава на Фејсбук, Сијарто изрази очекување за интензивен притисок за време на состанокот. “Мислам дека денес ќе се обидат да го скршат нашиот отпор и нашиот став во поддршка на мирот”, рече Сијарто.

Тој ја продолжи својата објава на социјалните мрежи, опишувајќи го состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ како: “Средба на министрите за надворешни работи на ЕУ е како и обично: притисок, притисок и притисок. Предлози за војна, повеќе пари и оружје за Украина, се обидуваат да ја турнат Украина во Европската Унија, но ние нема да се откажеме од нашиот став.”

“Со сите сили го поддржуваме мирот, ја спроведуваме волјата на унгарскиот народ, го штитиме нашиот суверенитет и безбедноста на унгарскиот народ”, напиша шефот на унгарската дипломатија во финалната објава.

Фото: Сијарто на Фејсбук.

Извор: МИА