Почетна Убавина и здравјеНи во лудило не треба да ја јадете за појадок! – Убавина и здравје

Ни во лудило не треба да ја јадете за појадок! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Најштетната намирница во историјата на човечката цивилизација што не треба да ја јадете за појадок е ШЕЌЕРОТ

Многу лекари истакнуваат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и токму тоа што прво ќе го внесеме во организмот го одредува нивото на енергија, расположението и метаболизмот. Доколку го прескокнеме појадокот или посегнеме по погрешни намирници, последиците може да се чувствуваат во текот на целиот ден – од пад на концентрација до прејадување во доцните часови.

Според експертите, она што ќе го внесеме како прв оброк има големо влијание врз здравјето, дигестијата и целокупното функционирање на организмот.


Поврзани објави

„Појадокот треба да биде најважниот оброк. Наутро кога ќе станеме, нашиот желудник би требало да биде празен. Прво, треба испиеме чиста вода, без лимон и додатоци – бидејќи кога ќе се испие со лимон, започнува варењето, а ако се земе чиста вода, нема да почне варењето – во тоа е клучот“, објаснуваат експертите и додаваат:

„Ако прво консумираме кафе или алкохол, кофеинот ќе исфрли повеќе вода од телото одошто сме внеле преку кафето. Прво вода, па чај, а потоа овошје (3-4 вида овошје е сосема доволно), без овесни снегулки и слични глупости. Кога ќе земеме овошје на празен желудник, по вода и некој чај, нашите клетки ќе добијат доволно нутриенти, минерали, витамини и оксидирана вода и тоа е тоа. Не ни требаат 5 оброци.“

Покрај тоа, експертите се едногласни дека рафинираниот шеќер е најштетната храна во историјата на човечката цивилизација. Тој ни краде минерали од телото и ја намалува апсорпцијата на минерали во организмот.