Пејачката со стил и луксуз пристигна на приватна прослава, а модниот избор предизвика лавина реакции.
На приватна прослава каква што ретко се гледа, Александра Младеновиќ се појави на начин што личеше на сцена од филм – со хеликоптер. Славеникот сакал својата забава да ја направи незаборавна, па токму затоа обезбедил хеликоптер за специјалниот настап на пејачката. Атмосферата уште пред нејзиното слетување беше подигната на највисоко ниво.
Самата Александра со насмевка прифати ваков несекојдневен влез и не пропушти да го овековечи моментот. Пред да слета на локацијата, таа позираше до хеликоптерот и гордо ги сподели снимките со своите следбеници на социјалните мрежи. Веднаш по пристигнувањето ја дочекаа громогласни аплаузи и овации.
Поврзани објави
Не помалку внимание предизвика и нејзиниот изглед. Пејачката блескаше во елегантен бел комплет, кој го надополни со „Valentino“ чевли и „Fendi“ чанта вредна дури 2.500 евра. Фотографиите од модната комбинација веднаш предизвикаа лавина позитивни, но и љубопитни коментари на интернет. Сите се согласни дека изгледала како вистинска дива.
Веќе некое време, Александра Младеновиќ живее живот полн со луксуз. Таа неодамна се почести со нов автомобил „Mercedes“, кој вреди колку стан во Белград.
Исполнив голема желба, долго размислував и конечно решив. Автомобилот е мој и со големо задоволство го возам низ градот,“ откри пејачката, нагласувајќи дека зад успехот стои многу труд и работа.
printskrin Youtube -amig shov aleksandra mladenovic