Снимките од настапот веднаш станаа вирални
Драгомир Деспиќ Десингерица повторно ја шокираше јавноста со својот последен настап во Будва. Познат по екстремните и бизарни перформанси, овојпат донесе цело печено јагне и го растрга над публиката, а парчињата месо паѓаа на сите страни.
Контроверзниот репер веќе има бројни провокативни настапи зад себе, меѓу кои „удирање“ со патики по главите на луѓето, кршење јајца и правење пити и палачинки врз публика, а еднаш дури симулирал и породување на сцената. Со последниот потег, Десингерица повторно ги запали социјалните мрежи.
Поврзани објави
Снимките од настапот веднаш станаа вирални, а дел од фановите го пречекаа со восхит, додека другите беа згрозени од екстремноста на сцената. Настапот предизвика лавина реакции и коментари на интернет.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ
И покрај контроверзноста, Драгомир Деспиќ Десингерица не планира да ги смири изведбите и најавува уште поекстремни перформанси во иднина. Неговите настапи продолжуваат да будат внимание и да предизвикуваат реакции кај јавноста.
printskrin Youtube – Milica Kemez Official desingerica