Пејачката и нејзиниот менаџер Новак Радин заедно дуваа свеќички и приредија незаборавна вечер покрај базен.
Пејачката Андреана Чекиќ вчера организираше големо славје по повод роденденот, а забавата ја сподели со својот менаџер Новак Радин, кој исто така го одбележа својот специјален ден. Прославата се одржа покрај базен, а меѓу првите гости пристигна кумата на Андреана, пејачката Катарина Грујиќ.
Чекиќ блескаше во бела сатенска тоалета, а во еден момент заедно со Радин ги дувнаа свеќичките на тортата, што предизвика бројни аплаузи и честитки. Атмосферата дополнително се вжешти кога Андреана зема микрофон и запеа за своите гости, создавајќи вистински мини-концерт на забавата.
Поврзани објави
Славеничката во последно време е во центарот на вниманието и поради својот нов албум, кој донесе голем број хитови на естрадната сцена. Сепак, приватниот живот на Андреана исто така е полн со новитети – од неодамнешната прослава до значајните животни одлуки.
Познато е дека таа со години живееше во луксузен стан на Врачар со поглед кон Храмот „Свети Сава“. Бидејќи киријата во овој дел на градот достигнува и до 4.000 евра месечно, пејачката реши да инвестира во сопствен имот и неодамна купи стан во „Белград на вода“, за кој платила околу 300.000 евра.
printskrin Youtube – republika tv andreana cekic