Венера е ретроградна во хороскопскиот знак овен (до 27. март 2025), а потоа преминува во риби (почнувајќи од 28. март 2025)
Венера е симбол на љубовта, убавината, хармонијата и задоволството, ги одразува нашите чувства, материјални вредности и односи. Таа ги поврзува материјалното и духовното, ни помага на пронајдеме радост во животот, уметноста и партнерството. Во периодите на ретроградното движење на Венера, доаѓа до изобличување во сферите врз коишто влијае.
Во зависност од знакот, манифестацијата на нејзиното влијание варира од страсна желба (овен, скорпија) до возвишена љубов (риби, терезија). Кога Венера се движи ретроградно, нејзината енергија се врти навнатре, принудувајќи нè да ги преиспитаме своите желби, односи и вредности.
Ова е период на враќање на чувствата од минатото, на кармички лекции и длабоко самосознавање, кога универзумот ни дава можност да сфатиме што ни е навистина важно.
Во астрологијата, Венера, исто така, е одговорна за нашите симпатии, за тоа како покажуваме наклонетост и што очекуваме од партнерствата. Таа е одговорна за нашите желби, стил на живот, способноста да уживаме во моментот и да привлечеме радост во животот.
Со ретроградната Венера во овен, можеме да очекуваме период на преиспитување во љубовта и врските. Оваа фаза нè поттикнува да размислуваме за своите желби, потреби и начинот на којшто комуницираме со другите.
Ова е идеално време за преиспитување на љубовните избори, решавање на изминатите конфликти и пронаоѓање нова рамнотежа во односите. Емоциите може да ве преплават, затоа бидете внимателни пред да донесете импулсивни одлуки. Овој период, исто така, може да врати врски од минатото или неразјаснети чувства, нудејќи можност да затворите некое поглавје или одново да ги изградите изгубените врски.
Поврзани објави
Почнувајќи од 28. март, Венера преминува во риби. Ретроградната Венера во риби поттикнува на длабоко размислување за емоционалните врски и минатите односи. Може да предизвика чувства на носталгија и сомнеж во себе, како и да поттикне истражување на креативноста и чувствителноста.
Ова е прекрасно време за самоистражување, интроспекција и емоционална рекалибрација. Одбегнувајте да донесувате избрзани одлуки во врските, бидејќи може да се појават недоразбирања или илузии. На крајот на краиштата, оваа ретроградност нè поттикнува да ја слушаме својата интуиција и да ја прифатиме својата емоционална длабочина со сочувство и трпение.
Ретроградна Венера: Што значи тоа?
Кога планетата Венера се движи ретроградно, предизвиците во љубовта и врските може да испливаат на површина. Сето тоа што го претставува Венера – љубов, убавина и финансии – ќе се чини посуптилно или понеизвесно. За време на овој период, може да ви се вртат мисли околу љубовта, сензуалноста и личните вредности. Со оглед на тоа што Венера влијае врз романсата и социјалните врски, нејзината ретроградност може да предизвика конфузија во односите.
Може да се појават проблеми во комуникацијата, носталгија за минатите љубови или порив за нови флертови. Меѓутоа, ретроградната Венера е првенствено време за длабока интроспекција. Тоа е период на саморефлексија. Одбегнувајте да идеализирате некој нов или да брзате со обврските. Наместо тоа, фокусирајте се на личниот развој и на тоа што навистина ви е важно во животот.
ФОТО: Greg Rakozy / Unsplash