Дојче Телеком е посветен на обезбедување дополнителна вредност во секојдневниот живот на луѓето, со тоа што нуди многу повеќе од комуникациски услуги за корисниците. Во партнерство со Wolt, компанија којашто е позната по својата платформа за локална трговија, Телеком на своите корисници им носи уште повеќе поволности и предности.
Македонски Телеком им се приклучува на останатите оператори на Дојче Телеком во Европа и преку партнерството со Wolt на корисниците им обезбедува ексклузивна понуда достапна само преку програмата за поволности и подароци, Magenta Moments во апликацијата Telekom MK.
Што добиваат корисниците на Македонски Телеком?
Сите корисници на Македонски Телеком можат да уживаат во ексклузивната понуда достапна само преку Magenta Moments – 12 месеци бесплатна членарина за услугата Wolt+. Со бесплатната членарина за Wolt+, корисниците, кога нарачуваат од Wolt, ќе можат да уживаат во бесплатна достава од широкиот избор на локални ресторани, продавници за храна и намирници достапни во портфолиото на Wolt. Со вклучувањето на Wolt во Magenta Moments, Телеком ја носи оваа популарна платформа за локална трговија и достава на дофат на корисниците, овозможувајќи им дополнителна и уникатна вредност на пазарот и секојдневни заштеди, при тоа олеснувајќи им го пристапот до она што им треба, токму во моментот кога им треба.