Почетна Убавина и здравјеБоледува од ОВОЈ синдром и шокира со изгледот – Убавина и здравје

Боледува од ОВОЈ синдром и шокира со изгледот – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Ќерката на Бен Афлек и Џенифер Гарнер не излегува од дома без маска на лицето поради оваа болест

Најстарата ќерка на Бен Афлек и Џенифер Гарнер конечно појаснила зошто се појавува во јавност со маска на лицето и открила дека има поствирусен синдром.

Имено, 18-годишната Вајолет веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста, бидејќи секаде се појавува со маска на лицето.

Таа се појавила на состанокот на Надзорниот одбор на округот Лос Анџелес, каде што одржала говор и укажала на важноста на носењето маски во затворени државни институции. Токму во говорот појаснила и зошто досега се појавувала со маска во јавност.

„Се заразив со поствирусна болест во 2019. Сега сум добро, но од прва рака се уверив дека медицината нема секогаш одговор на последиците дури и од безопасните вируси“, рекла таа.

Поврзани објави

Потоа, побарала поголема достапност на маски и бесплатно тестирање на КОВИД-19, како и воведување задолжително носење маски на медицинските факултети во земјата.

Болеста што ја поттикнала на овој потег влијае врз нејзиното дишење и ѝ предизвикува проблеми, како воспаленија на грлото и белите дробови. За да си го сочува здравјето, таа носи маска кога се појавува во јавност, што може да се забележи и од нејзините излегувања со родителите.

Инаку, шокантна и неверојатна е нејзината сличност со мајка ѝ. Велат дека актерката и Вајолет толку си личат што изгледаат како близначки.