Реализацијата на Универзитетскиот комплекс „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на Плоштадот Скендербег добиваат конкретна форма.
За овие значајни потфати се предвидени 65 милиони евра од државната каса, информираше првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Според неговите зборови, остварувањето на овие планови ќе отпочне многу наскоро. „Сè е подготвено за нивниот почеток.“
Овие вложувања ќе создадат долгорочни бенефити за студентите, жителите и економскиот прогрес на Скопје.
Во тој контекст, денес одржав важен состанок со министерот за транспорт, Александар Николоски, директорот на Инспекторатот за градежништво и претставници на Општина Чаир, каде што постигнавме договор за прецизните чекори кои ќе го овозможат моментното стартување на овие проекти, напиша Меџити.
Овие инвестиции, нагласи тој, воспоставуваат нови основи за урбаната и образовната модернизација на нашиот град, претставувајќи значаен момент за стратешкиот развој на Скопје. „Со оваа посветеност, отвораме нова фаза, каде визијата за функционален, иновативен и развоен град се претвора во реалност.“
Благодарение на меѓуинституционалната соработка и заедничката заложба, многу скоро ќе започне теренската имплементација на овие проекти од национално и стратешко значење. „Ние ги исполнуваме ветувањата и ја претвораме визијата во реалност“, потенцираше Меџити.
вј/Фото: МЖСПП