Почетна Убавина и здравјеАко постојано ви е тешко, ништо не ви оди и имате чувство дека сè е против вас, ОВАА реченица може да ви го смени животот!

Ако постојано ви е тешко, ништо не ви оди и имате чувство дека сè е против вас, ОВАА реченица може да ви го смени животот!

од nenad
2 минути читај за

Реченица што треба да ја прочита секој кој се чувствува несреќно во моментов

Деновите кога ви се чини дека ништо не ви оди, кога се борите со препреки и имате чувство дека целиот свет се свртил против вас, најтешко е да се пронајде причина за радост.

Честопати чекаме проблемите сами да се решат, да помине бурата, да биде сè совршено, па дури потоа да си дозволиме да бидеме среќни. Но една млада жена, чија приказна го потресе светот, одржала важна лекција со само една реченица: чекањето среќа е најголемата грешка.

Џејн како симбол на борбата и среќата

Џејн Марчевски, во светот попозната како Најтбрд (Ноќна птица) во 2021 година се појавила на сцената на американското издание на емисијата „Јас имам талент“.

Среќата е во вас

Пред жирито застанала девојка со ангелски глас која пеела за тоа дека во ред е да се биде изгубен, додека на прашањето за нејзиното здравје, дала одговор што го променил светот. Со малигни канцерогени клетки во белите дробови, ‘рбетот и црниот дроб и со само 2 отсто шанси за преживување, таа изговорила реченица што одекнала глобално.

„Не можеш да чекаш животот да престане да ти биде тежок за да одлучиш да бидеш среќен.“


Поврзани објави

Оваа реченица, изговорена од страна на некој што поминува низ најголемата животна борба, не е само обично охрабрување. Тоа е длабока вистина за човечкиот дух. Џејн ги подучила луѓето дека среќата не е награда што се добива на крајот од патувањето, туку гориво што нè одржува на тоа патување. Не е поентата во тоа да ја негираме болката туку и покрај неа, свесно да одбираме радост.

Ако се чувствувате изгубено, ако ви се чини дека сè е против вас, прочитајте ги овие зборови повторно. Тие ќе ве потсетат дека не постои идеален момент за среќа. Таа не е се пронаоѓа, туку се создава. Во тишината, во малите моменти, во свесното уживање во утринското кафе, во прегратката на саканата личност, во сончевите зраци што ги пробиваат облаците, во насмевката и забавата со пријателите.

Не чекајте проблемите да исчезнат за да бидете среќни. Искористете ја среќата за да се соочите полесно со проблемите.

Откако се повлекла од натпреварувањето за да се бори за својот живот, Најтбрд, за жал, починала во 2022 година, на 31-годишна возраст.

Но нејзината порака живее, како светлина во мракот. Таа ни го остави најголемиот подарок: потсетник дека среќата секогаш е наш избор, без разлика колку е тежок животот.

Дури и сега, три години по нејзината тажна смрт, нејзините зборови и понатаму се светилник во моментите кога сè е изгубено. На крајот, тоа и ни преостанува кога немаме ништо друго: надежта и нашиот избор да бидеме среќни.

Во продолжение погледнете го познатиот настап на Најтбрд во емисијата „Јас имам талент“ со кој го освои светот:

ФОТО: Јутјуб, Инстаграм