Нивната љубовна приказна, која трае повеќе од две децении, не престанува да ја интригира јавноста
Иако живеат во луксузен пентхаус, Дејвид и Викторија Бекам постојано докажуваат дека гламурот и богатството не им носат вистинско задоволство, туку блискоста со природата, семејството и миговите поминати далеку од очите на јавноста.
Нивниот дом во Мајами се наоѓа во една од најлуксузните резидентни згради во светот – монументален објект висок 62 ката, чија архитектура потсетува на светилник кој се издигнува над градот. Во овој простор, кој повеќе личи на луксузен хотел со пет ѕвездички отколку на класично семејно гнездо, секој детаљ во ентериерот е осмислен со врвен вкус и внимание. Пет спални соби, шест бањи, отворен поглед кон океанот, речиси илјада квадратни метри станбен простор – вистинска екстраваганција. Вредноста на пентхаусот се проценува на 20 милиони долари.
Но и покрај тој раскош, Бекамови не се откажуваат од едноставниот, природен живот. Во медиумите, повеќепати имаат нагласено колку им е важно барем повремено да побегнат од урбаното опкружување и да им се посветат на семејството, природата и себеси. Планините, шумите, морето, плажите – тоа е нивната вистинска оаза на мирот.
Токму затоа, тие одлучуваат дел од својот летен одмор да го поминат на Балканот – во Црна Гора, на познатиот остров Свети Стефан. Иако важат за една од најпознатите и најбогатите двојки на светот, одморот го поминуваат во знакот на скромноста, приватноста и едноставноста. Нивната посета на Црна Гора им останала во сеќавање на локалните работници, поради нивната љубезност, но и барање за комплетна дискреција. Собарките имале точно одредено време кога смеат да влегуваат во нивните луксузни апартмани и не смееле да носат мобилни телефон – сè со цел да не се појави ниту една фотографија во јавност.
Поврзани објави
И покрај мерките за претпазливост, еден нивен престој на Јадранот, сепак, бил забележан од фото-објективите додека вечерале во престижен ресторан на островот Шипан, каде што, и покрај барањата за приватност, фотографиите излегле во јавност. Тоа не им ја намалило нивната љубов кон овој регион, напротив, Бекамови со години се враќаат токму на Јадранот, далеку од вообичаените светски џет-сет дестинации.
Дејвид и Викторија, заедно со своите деца, се обидуваат да балансираат помеѓу богатиот и јавниот живот и тивкиот, семеен, автентичен живот во природа. Нивната сè почеста присутност на плажите во Црна Гора, но и во природните оази ширум светот, зборува за една подлабока потреба – да се вратат кон себе, кон своите корени и едноставни вредности.
Истовремено, нивната врска со Мајами, каде што им се наоѓа домот, останува цврста. Таму често може да бидат видени на бреговите на Флорида, како наутро шетаат без обезбедување, боси по песокот, со децата, со кучињата – потполно неоптоварени од славата.
ФОТО: Инстаграм