Сите се прашуваат зошто Викторија Бекам толку инсистира да биде преслаба
Викторија Бекам на социјалните мрежи се пофали дека е на летување во Сен Тропе со сопругот Дејвид и децата, додека најстариот син и понатаму му е лут на семејството, па на истата дестинација отпатувал една недела порано.
Во низата атрактивни фотографии што ги споделила поранешната пејачка во групата Spice Girls, можеме да го видиме затегнатото и мускулесто тело на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, кој нежно ја прегрнува ќерка му Харпер или ги „одмерува силите“ со помалиот син кој е негова верна копија.
Викторија објавила и неколку свои фотографии на кои се крие од сонце под голем шешир и марама.
Истовремено со тие објави, се појавија и папарацо-фотографии од Викторија Бекам. На нив јасно се гледа дека модната креаторка има неверојатно вита става, за која многумина коментираат дека е загрижувачка.
Имено, на 51 година Викторија Бекам има само 48 килограми на висина од 163 сантиметри. За да ја одржи оваа тежина, со години јаде само еднаш дневно – риба со варен зеленчук, а понекогаш тој оброк го заменува со авокадо и грст јаткасти плодови.
Покрај на рестриктивна диета, Викторија го изложува своето тело и на голем физички напор со интензивни тренинзи.
Поврзани објави
Како вежба Викторија Бекам?
Секое утро станува во 6 часот за да тренира цели два часа. Тренингот го започнува со трчање од 5 до 7 километри на лента. По трчањето следи еден час вежби за сила и истегнување со личен тренер. Комбинира јога и пилатес за да ја одржи флексибилноста и мускулниот тонус.
Се труди да спие доволно за да може телото да се одмори, а секојдневно пие големи количества вода и чаеви.
Што порачува Викторија Бекам?
Изминатата деценија се има докажано како врвна модна дизајнерка, која става фокус на квалитетот, стилот и удобноста, а притоа ја одбегнува униформираноста на трендовите.
Покрај успешната кариера, Викторија има четири деца и сопруг со кој дели хармоничен брак полн со љубов. Сепак, многумина ги збунува нејзината постојана потреба да докаже дека може да биде уште послаба, позгодна, поубава… За да го постигне тоа, подготвена е на сè – дури и да престане да се смее за да не добие брчки!
ФОТО: Инстаграм