Сите очекуваа конфликт, но пејачката покажа смиреност и култура во неочекувана ситуација
Јелена Карлеуша открива како изгледал неодамнешниот лет од Белград до Подгорица, кога се нашла лице в лице со својата долгогодишна ривалка – Светлана Цеца Ражнатовиќ. Двете ѕвезди се нашле во ист авион, каде што Карлеуша седела директно зад Цеца, а снимката од нивниот “судир” брзо се прошири на социјалните мрежи.
Иако јавноста очекуваше инцидент или барем вербален судир, пејачката тврди дека ситуацијата поминала сосема мирно – благодарение на нејзиното воспитание. Таа истакна дека вакви средби не се ништо ново и дека дури се среќаваат и „по судови“, но дека нема намера да се спушти на ниво на физички конфликт.
Летот со Цеца беше интересен. Луѓето беа шокирани што не ѝ се доближив, но веќе ѝ имам кажано сè што имам. Некои очекуваа да ја нападнам, но јас сум културна личност“ – изјави Карлеуша.
Поврзани објави
Во истото интервју, Јелена се осврна и на шпекулациите дека ќе стане дел од жирито во „Пинкови ѕвезди“. Таа ниту ги потврди, ниту ги демантираше гласините, но нагласи дека ништо не е точно додека таа лично не објави.
Очигледно сметаат дека шоуто не е комплетно без мене,“ заклучи таа.
printskrin Youtube – blic tv – telegraf.rs ceca i karleusa