Почетна Убавина и здравјеКога децата се подготвени да помагаат по дома? Мајка завршила на столбот на срамот поради својот „експеримент“

Кога децата се подготвени да помагаат по дома? Мајка завршила на столбот на срамот поради својот „експеримент“

од nenad
3 минути читај за

Една мајка открила како најлесно да го убедите детето да си ја среди облеката, но нејзиниот трик го поделил Интернетот

Вечна дилема на родителите е кога би требало да ги воведат децата во одржувањето на „домашниот ред“, односно кога е вистинското време да почнат да помагаат околу домашните обврски. И додека некои сметаат дека децата што подолго би требало да останат деца, да уживаат во слободната игра и во детството, без да ги доживуваат обврските по дома како преголем товар, други тврдат дека децата би требало да почнат да помагаат во домаќинството уште од најрана возраст, верувајќи дека така ќе развијат чувство на одговорност, самостојност и работни навики.

Една мајка открила како најлесно да го убедите детето да си ја среди облеката, но нејзиниот трик ги поделил луѓето на Интернет. Додека едни сметаат дека нејзиниот метод е генијален, други ја осудуваат и тврдат дека го експлоатира детето.

„Вклучете го детето за да му биде забавно“, напишала мајката на две деца, Деб Годард во описот на објавата на Инстаграм, која собрала 1,5 милиони лајкови.

Во видеото, Деб покажува како од картон направила „алат“, кој им помага на нејзините деца да си ја здиплат облеката. Таа направила плочи на склопување, а секој преклоп, кој се превиткува навнатре, е означен со број, за да знае детето по кој редослед треба да ја дипли облеката. Додека некои ја пофалиле Деб за нејзината иновативност, други ја критикувале.

„Сериозно? Децата цел живот ќе диплат облека. Дајте им играчки, седнете на под и играјте си со нив наместо ова“, напишала една корисничка.

„Враќање на експлоатацијата на детскиот труд?“, напишал друг.

„Работна обука за Тему“, додал друг корисник, алудирајќи на познатата платформа за онлајн трговија.


Поврзани објави

Сепак, имало и такви што ја поддржале мајката и истакнале дека ова е одличен начин да се научат децата на одговорност.

„Децата се на возраст кога сакаат да помогнат и да учествуваат. Ако ги научите дека не се вклучени во домашните обврски, подоцна ќе им биде многу потешко да развијат чувство на одговорност“, „Морам и себеси да си направам едно вакво“, „Генијално“, „Се прашувам дали ова функционира и кај сопрузите?“, се само некои од позитивните коментари.

Експерти сметаат дека семејството Годард можеби има добар пристап.

„Корисно е на децата уште од мали нозе да им се покаже дека сите членови на семејството ја делат одговорноста за одржување на домот. Тоа им дава чувство на припадност и сознание дека не треба само возрасните да прават сè за нив. Сите сме дел од истото семејство“, рекла Џил Трамбел, доцентка за човечки развој и семејни студии на Универзитетот Њу Хемпшир.

Меѓутоа, важно е децата да уживаат во задачата. Ако децата не сакаат да учествуваат во домашните обврски, Трамбел советува да се обидете повторно подоцна, наместо да им вршите притисок.

„Мора да пронајдеме добар баланс помеѓу намерата да им помогнеме на децата да станат независни и да преземат одговорност во семејството, но и да препознаеме дека ќе има моменти кога можеби нема да сакаат да прават одредени работи“, заклучила таа.

ФОТО: Brittany Colette / Unsplash