Годишната стапка на инфлација во Грција благо порасна на 3,1 процент минатиот месец, според официјалните информации од грчката Статистичка служба, пренесе дописничката на МИА од Атина. За една година, цените на овошјето, кафето, кириите и електричната енергија се зголемија за повеќе од 10 проценти.
Во периодот од јули 2024 до јули 2025 година, најзначаен скок е регистриран кај овошјето, со пораст од 19,3 проценти. Цената на електричната енергија е повисока за 18,9 проценти, кафето поскапе за 16,8 проценти, а кириите забележаа зголемување од 11,3 проценти.
Пораст на цените, но под десет отсто, е присутен кај речиси сите производи и услуги. Спротивно на тоа, намалување на цените е забележано само кај неколку категории.
Најголемо намалување има кај маслиновото масло, за 27,1 процент, како и кај нафтата за греење, за 12,9 проценти. Од прехранбените производи, единствено тестенините се поевтини, за осум отсто.
“Годишната инфлација во Грција минатиот месец минимално се зголемила на 3,1 отсто, согласно официјалните податоци од грчката Служба за статистика, а за една година, над 10 проценти се поскапи цените на овошјето, кафето, кириите и струјата”, јави дописничката на МИА од Атина.
ср/рп/Фото: МИА архива
Извор: МИА