Министерството за здравство објави дека во текот на 45 дена се реализирани повеќе од 1250 вработувања во 85 јавни здравствени институции низ целата земја, како дел од стратешката постапка за кадровско зајакнување на здравствениот систем.
МЗ ја пренесува изјавата на министерот за здравство, Азир Алиу, дека „до овој момент, во рамките на процесот, се спроведени над 1700 тестирања“.
„Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот“, истакнува Алиу.
Министерството за здравство посочува дека со оваа кадровска стабилизација „испраќа силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, како предуслов за подобри здравствени услуги за сите граѓани“