Познатиот пејач отворено зборува за заминувањата од жирито, влијанието на Саша Поповиќ и иднината на музичките шоуа без неговата енергија и авторитет.
Дарко Лазиќ, победник на четвртата сезона од „Ѕвездите на Гранд“, конечно проговори за големите промени што го потресоа популарното музичко шоу. Во интервју, тој изјави дека никогаш немало да дојде до заминувањето на поединци од жирито доколку Саша Поповиќ беше жив.
Без него, ова повеќе не е тоа што беше“, рече Лазиќ со доза на горчина.
Тој посебно се осврна на повлекувањето на Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ од жирито, истакнувајќи дека Поповиќ секогаш знаел како да ја задржи контролата и да внесе посебна енергија во шоуто.
Сега не го ни следам толку, некако без него ми е сè празно“, призна пејачот.
Поврзани објави
Во продолжение на интервјуто, Лазиќ даде и свое мислење за Десингерица – кој наскоро ќе се појави во „Пинкови ѕвезди“. Наместо критика, Дарко му оддаде почит:
Човекот си ја најде својата фора, направи нешто големо. Секоја чест“.
Ова интервју уште еднаш потврди дека за многумина, времето на Саша Поповиќ останува златна ера на „Ѕвездите на Гранд“, и дека тешко ќе се најде некој што ќе ја врати старата магија на шоуто.
printskrin Youtube-AmiG Show darko lazic