Почетна Убавина и здравјеРаста ослободен, но бесен – прв настап по притворот во Македонија! Еве како се однесува (ВИДЕО)

Раста ослободен, но бесен – прв настап по притворот во Македонија! Еве како се однесува (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



По кратко задржување во Охрид поради поседување наркотици, Стефан Ѓуриќ Раста се врати на сцената, но одбива да зборува за инцидентот.

Првите видеа од Стефан Ѓуриќ Раста по неговото апсење во Македонија веќе се вртат по социјалните мрежи. Раперот беше приведен на 2 август пред хотел во Охрид, непосредно пред неговиот концерт, поради поседување на наркотични супстанци. По кратко административно задржување, Раста беше ослободен.

На прашањата за апсењето, Раста не даде изјави, но се огласи неговиот ПР тим со официјално соопштение. Во него се наведува дека задржувањето било брзо решено со целосна соработка и дека тој и Balkaton Gang продолжуваат со веќе планираните активности. Побарано е од медиумите одговорно известување, а јавноста ќе добие официјална изјава кога Раста ќе смета дека е вистинскиот момент.

@marsicmarijo napit ćete se u roku 5 minuta #rasta #balkantiktok #zatebestrana #marsicmarijo ♬ original sound – Marijo koji komentira nastupe


Поврзани објави

Ова не е првпат Раста да се соочи со закон. Во октомври 2020 година беше уапсен во Белград со пет грама марихуана, по што во неговиот стан беше пронајден и сканк. Потоа помина три месеци во притвор и осум месеци во домашен притвор.

Иако инцидентите се повторуваат, изгледа дека кариерата на Стефан Ѓуриќ Раста не трпи последици, а поддршката од неговата публика останува силна.

Фото: Инстаграм – Rasta