Катарина Живковиќ прва дознала за бременоста на Милица Тодоровиќ, а сега со нетрпение чека да ѝ помогне со искуство и совети како новопечена мајка.
Катарина Живковиќ неодамна го прослави првиот роденден и крштевката на својот син Стефан, а на славеничката атмосфера присуствуваше и блиската ѝ пријателка Милица Тодоровиќ, која е во деветтата недела од бременоста. Среќната вест ја трогнала Каќа до солзи, бидејќи знае колку ѝ значи ова на Милица, која со години посакувала да стане мајка.
Во интервју, пејачката откри дека едвај чека Милица да ѝ се обрати за совети, за да ѝ го олесни патот низ бременоста и мајчинството. Таа истакна дека, иако имала ирационални стравови додека била бремена, сега ужива во секој миг со својот син и сака целосно да ѝ се посвети.
Поврзани објави
Живковиќ зборуваше и за своето мајчинство, нагласувајќи дека тоа ја променило и ја направило поцврста личност. Таа верува дека новиот животен период ќе ја размрда и Милица Тодоровиќ, која ќе добие целосно нова перспектива на животот.
На крајот, пејачката искрено призна дека самата била жртва на непотребни совети кои ѝ предизвикувале стрес, па затоа сака да ѝ биде поддршка на Милица, за таа да помине низ ова искуство што побезгрижно и со повеќе љубов отколку страв.
printskrin Youtube – blic katerina zivkovic