Почетна ЕкономијаИако е достапен во клиниките, јас не успеав да го добијам лекот.

Иако е достапен во клиниките, јас не успеав да го добијам лекот.

од nenad
1 минути читај за

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер изјави дека координаторот за антикорупција на американскиот Стејт Департмент, Ричард Нефју, кој денеска беше во посета на земјава, не дојде за да ги соопшти имињата на лицата што ќе се најдат на црната листа на САД за санкции. “Тој не е тука за да открива имиња за црната листа, туку е тука за да се дискутираат процесите, санкциите, протоколите кои владата на САД ги има за прашањето за корупцијата”, рече Агелер. Таа додаде дека амбасадата е во постојана комуникација со Вашингтон, кога станува збор за прашањето за корупција. “Нефју е еден добар сојузник и промотор на сите овие процеси за борба против корупцијата, што е едно од најважните прашања за нас”, изјави агелерката и потврди дека повеќе од едно лице од земјава се очекува да се најде на црната листа на САД. Таа додаде дека го поддржува тоа што го кажала пред некој ден, меѓутоа информациите треба да дојдат од Вашингтон. “Јас не можам да ви дадам никакви временски рокови или број на лица што ќе бидат откриени”, рече амбасадорката.