Почетна ЕкономијаЕБОР одобри заем од 30 милиони евра за железницата Драч-Рогожина во Албанија, дел од Коридорот 8

ЕБОР одобри заем од 30 милиони евра за железницата Драч-Рогожина во Албанија, дел од Коридорот 8

од nenad
1 минути читај за

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе го поткрепи градењето и електрификацијата на железничката линија Драч-Рогожина, дел од Коридорот 8, доделувајќи и на Албанија заем во висина од 30 милиони евра.

“Ова е дополнителен заем по оној од 30 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и 60 милиони евра во инвестициски грантови и техничка помош од ЕУ преку инвестициската рамка за Западен Балкан, кои беа потпишани во април годинава.”

Вкупниот финансиски фонд за оваа железничка делница изнесува 120,5 милиони евра, објави abcnews.al.

Овој стратешки план опфаќа реновирање, надградба и електрификација на приближно 34 километри железничка пруга помеѓу крајбрежниот град Драч и Рогожина во Албанија, заедно со репарација на железничките станици.

По реализацијата на овој проект, возовите ќе можат да се движат со брзина до 120 км/ч.

Тоа претставува значаен чекор во настојувањата на Албанија за унапредување на железничката структура, подобрување на регионалната поврзаност и приспособување кон транспортните и еколошките прописи на ЕУ.

вт/Фото: принтскрин abcnews.al