Почетна Убавина и здравјеМедитерански колач што лесно се приготвува, а вкусот е феноменален! – Убавина и здравје

Медитерански колач што лесно се приготвува, а вкусот е феноменален! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Овој колач потсетува на сочна торта, бидејќи има две кори и кремлив фил

Доколку барате нов рецепт за вкусен десерт, испробајте ги овие грчки коцки кои се приготвуваат брзо и лесно.

Состојки:

За една кора (ви требаат две)

  • 4 белки
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици мелени бисквити
  • 4 лажици ореви
  • 1/2 кесичка прашок за печиво

За филот:

  • 8 жолчки
  • 700 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 250 г путер
  • 150 г шеќер во прав
  • 100 г покрупно дробени бисквити
  • 100 г црно чоколадо
  • 100 г бело чоколадо


Поврзани објави

За декорација:

  • шлаг и дробени ореви
Приготвување:

Пенесто изматете ги белките со шеќерот, додајте мелени бисквити и ореви и прашок за печиво, па полека измешајте со шпатула и префрлете ја смесата во плех. Печете ја 20 минути на 180 степени Целзиусови.

Филот се приготвува така што пенесто се матат жолчките и шеќерот, па се додава брашно и сето тоа се вари во млеко како пудинг. Кога смесата ќе се олади, се додава путер, шеќер во прав, бисквити, бело и црно чоколадо.

Филувајте ги корите, па декорирајте со шлаг и ореви.

ФОТО: Freepik