Владата на Литванија ја поднесе својата оставка, откако литванскиот премиер Гинтаутас Палукас денес обелодени дека се повлекува од позицијата, како што е пропишано во Уставот на државата, информира ДПА.
Палукас ја објави својата одлука пред извесно време, како резултат на тврдењата за контроверзни деловни трансакции и конфликт на интереси.
Тој сега официјално мора да ја предаде својата оставка до претседателот Гитанас Науседа, кој има рок од 15 дена да му предложи на Парламентот кандидат за премиерската позиција. Владата на Палукас ќе продолжи да ги извршува своите обврски сѐ додека не биде потврден новиот кабинет.
Палукас, исто така, поднесе оставка од функцијата претседател на Социјалдемократската партија на Литванија, најмоќната политичка групација во Парламентот. Науседа веќе оствари средба со новиот лидер на партијата. Социјалдемократите планираат да изберат кандидат кој ќе го наследи Палукас за два дена.
Истрагата за контроверзните активности на Палукас предизвика јавни демонстрации и барања за негова оставка, вклучувајќи ги и оние од еден од двата коалициски партнери во неговата левоцентристичка влада.
Четириесет и петгодишниот политичар ги негираше сите недолични дејствија и ги отфрли обвинувањата како намерни напади од неговите политички ривали. Како што изјави самиот Палукас: “Негирам какво било сомнителни активности и ги отфрлам обвинувањата како намерни напади од страна на моите политички противници.”
рп/Фото: ЕПА.