Почетна ЕкономијаГутереш: Не може да се гради мир на планета која гори

Гутереш: Не може да се гради мир на планета која гори

од nenad
1 минути читај за

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска предупреди дека не може да се гради мир на планетата која се соочува со сè потешка климатска криза, на планета која гори.

– Не можете да ја искорените сиромаштијата додека климатските катастрофи постојано ги враќаат луѓето во сиромаштија. Не можете да им ветувате на младите подобра иднина додека ги уништувате природните системи од кои зависи таа иднина. И не можете сериозно да зборувате за правда додека оние кои најмалку придонеле за оваа криза се првите и најтешко погодени од нејзините последици, наведе Гутереш во завршниот говор на Конференцијата на ОН за климатските промени КОП31 во Анталија.

Тој истакна дека секогаш се трудел да ја каже вистината за климатските промени, дури и кога неговите пораки биле непријатни или наишле на отпор.

– Се обидував да ја кажувам вистината за климатските промени. Понекогаш таа вистина била непријатна, а понекогаш била непожелна. Мојата одговорност никогаш не била да ги направам фактите поприфатливи, туку да ја кажам вистината врз основа на науката, особено кога е тешко да се соочиме со неа, посочи Гутереш.
Извор: МИА