Премиерот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Илинден. Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее. Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за самостојност и достоинство.
Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен. Затоа, Илинден не е само повод за чествување, туку и за одговорност. Одговорност што ја имаме како народ и граѓани, но особено како институции, да го продолжиме патот започнат во Крушево и потврден во АСНОМ, со работа, чесност и грижа за иднината.
Како Влада, свесни сме дека довербата на граѓаните е обврска што се оправдува со резултати. Затоа сме посветени да ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции што ќе бидат на страната на граѓаните. Оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро. И ќе покаже!
Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите. Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност, стои во честитката.
Нека е вечен Илинден!
Нека е жива и вечна Македонија!
- (ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Дороти Пачкова: „Женските кругови“ повторно мора да се вратат
- Општина Пустец е прогласена за добитник на проектот WiFi4WB, иницијатива за бесплатен и брз интернет
- „ИЗВИНЕТЕ, БЕВ ПИЈАН“ Вујко ја силувал, па ја убил 8-годишната внука во Романија
- (Видео) Прашајте во штабот дали сте сигурни дека сакате да ве вадам со име, презиме и сума кој колку зел за протести и кој стоеше на Триумфалната капија на 27 април?!