„Ние не правиме анкети, ги слушаме грашаните надвор. Тоа е најискрено и најчесно и се добива вистинско сознание за состојбата. Тоа го знаеме и од тоа што отворивме телефонски број за граѓаните за поплаки. Има над десет илјади. Не е лесно да се слушаат критики, ама ако не се слушаат нема да се најдат решенија“ – вели Арсовска.
Порача дека партијата Нова алтернарива, чиј лидер е, ќе оди со свои листи во сите шест изборни единици, а кој ќе биде кандидат за претседател ќе кажат органите на самата партија откако ќе се проценат позитивните и негативните страни.
– Сакаме да им кажеме и покажеме на граѓаните дека работите можат да фунционираат и дека треба да се променат. Потребни се одговорни политичари, а не лажговци и манипуланти. Ние ќе излеземе на изборите и ќе освоиме онолку гласови колку што сметаат граѓаните и ќе ни биде чест. Јас ќе бидам носител на листата од Нова алтернатива во Изборна единица 1 и тој предизборен дуел граѓаните треба да го очекуваат – вели Арсовска.Во ИЕ 1 носители на листи меѓу другите се Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски и Димитар Апасиев.