Пејачката се извини преку Инстаграм – откри кој ќе ја замени вечерва.
Познатата пејачка Славица Ќукатераш била принудена итно да го откаже својот вечерашен настап поради здравствени проблеми. Веста ја соопшти лично преку својот Инстаграм профил, каде им се извини на фановите и најави кој ќе ја замени.
Драги мои, од здравствени причини мојот настап е откажан. Мојот колега Слоба Васиќ ви гарантира добра журка. Ви благодарам на разбирањето“, напиша Славица Ќукатераш, која во последно време повторно е во центарот на медиумско внимание поради несогласувања со Милан Милошевиќ.
Поврзани објави
Иако не откри детали за нејзината здравствена состојба, фановите веднаш ѝ испратија пораки за поддршка и посакаа брзо закрепнување. Организаторите реагираа брзо и ја обезбедија замената – Слоба Васиќ, кој според најавите, ќе направи вистински спектакл.
Се очекува Славица наскоро да се врати на сцена, откако ќе ги надмине здравствените проблеми што ја спречија да настапи.
printskrin Youtube-rtv pink official slavica cukteras