Влажни ѕидови, непријатен мирис и поплаки од соседи – проблемот со цевките кај вилата на Светлана Цеца Ражнатовиќ не е решен.
Екипи на медиумите ја посетија улицата Љутице Богдана во Белград, каде се наоѓа вилата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, откако се појавија информации дека поради пукање на цевка од куќата се шири неподнослива смрдеа.
Новинарите на лице место се увериле дека непријатниот мирис сè уште е присутен во околината на вилата, а влагата на ѕидовите јасно укажува на нерешен проблем. Додека престојувале во Љутице Богдана, од куќата излегол синот на Цеца, боксерот Вељко Ражнатовиќ, во придружба на двајца мажи, за кои се претпоставува дека се членови на обезбедувањето.
Фотографиите може да ги погледнете ОВДЕ
Вељко изјавил дека соседите шират невистини, но мештаните го тврдат спротивното. Еден загрижен жител раскажал дека водата тече со денови и дека смрдеата е неподнослива, особено во денови кога температурите се блиску до 40 степени.
Поврзани објави
Не можеме ни да дишеме, ни да поминеме по тротоарот. Апелирам до Цеца да го реши ова што поскоро, пред да настане поголема штета“ – изјави соседот.
Фото: Printscreen TikTok