Драган Стојковиќ Босанац некогаш бил непожелен во жирито, а денес ја напушта „Гранд“ продукцијата и преминува на „Пинк“.
Музичарот и композитор Драган Стојковиќ Босанац денес важи за еден од најпрепознатливите ликови на естрадната сцена, но малкумина знаат дека на самиот почеток бил непожелен во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Оваа долго чувана тајна ја откри покојниот Саша Поповиќ во една од емисиите „Ѕвездите на Гранд – Специјал“.
Сите ми велеа: „Сале, не го земај Босанац, незгоден е, не е друштвен, намрштено делува“. А денес е легенда“ – изјави тогаш Поповиќ, присетувајќи се како го довел Босанац во жирито уште во 2010 година.
Поврзани објави
По смртта на Саша Поповиќ, Босанац реши да се повлече од „Гранд“, откривајќи дека за сите тие години никогаш не добил хонорар за учеството во жирито. Овој податок дополнително ја изненади јавноста и повторно го стави неговото име во фокус.
Музичарот неодамна потпиша договор со Жељко Митровиќ, по што ќе се појави во новото музичко шоу „Пинкови ѕвезди“, каде ќе продолжи со менторската работа, но во нов формат и нова продукција.
printskrin Youtube-blic-tv-bosanac