Хасан Дудиќ ја брани Злата и ја обвинува реалити учесничката Ена Чолиќ за ширење лажни приказни.
Пејачот Хасан Дудиќ, поранешен сопруг на Злата Петровиќ, се огласи по појавата на гласини дека пејачката се бори со алкохолизам и дека престојува во клиника за зависности во Белград. Во интервју за медиумите, тој истакна дека Злата повеќе не пие и дека приказните за нејзината зависност ги шират луѓе како реалити учесничката Ена Чолиќ.
Злата повеќе воопшто не пие, само на роденденот на внукот наздрави со чаша шампањ. Тие глупости што ги зборува таа Ена, шлајмарицата една, не вреди ни да се споменува. Злата е жена-институција, сега во пензија и среќна со семејството. Јас ја сакам многу“ – изјави Хасан.
Според информации од клиниката, пејачката и покрај лошиот период останала насмеана и културна, иако во јавноста кружат гласини за можен третман и блокатор за алкохол.
Поврзани објави
Злата е прекрасна личност, секогаш љубезна и насмеана. Не знам дали има блокатор, но слушнав дека одржува редовни контроли“ – кажа извор близок до клиниката.
Злата Петровиќ ги демантираше шпекулациите и потврди дека била во клиниката само како посетителка, без никакви третмани или блокатори.
printskrin Youtube-kurir zlata petrovic