Почетна Убавина и здравјеИзгледа совршено во костим за капење! – Убавина и здравје

Изгледа совршено во костим за капење! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Мајката на Елизабет Харли, Анџела, ја воодушевила јавноста со својот изглед на 85 години – обожавателите коментираат дека изгледаат како сестри

Елизабет Харли и нејзината мајка Анџела предизвикаа хаос на социјалните мрежи откако објавија фотографија во исти леопардски бикини. Актерката и поранешна моделка, која има 60 години, и нејзината 85-годишна мајка позирале во костими за капење од линијата на Елизабет „Elizabeth Hurley Beach“ додека уживале на сонце.

Познатата актерка, која се прослави со улогата во филмот Bedazzled, ја покажала беспрекорната става во провокативен дводелен костим што го искомбинирала со долга бела наметка за на плажа. Од друга страна, нејзината мајка Анџела, инаку поранешна учителка, носела едноделен костим со длабоко деколте, исто така со бела наметка, и ја воодушевила јавноста со својот изглед.

„Иста како мама. Штотуку го прославивме нејзиниот 85-ти роденден“, напишала Елизабет под својата објава.

Син кој ја снима мајка си во интимни сцени

Но она што исто така привлекува големо внимание и предизвикува поделени реакции кај јавноста е блискиот однос на Елизабет со синот Демиен Харли, кој сè почесто се појавува како нејзин снимател. Имено, токму нејзиниот син има снимено бројни видеа во кои неговата мајка позира во провокативни изданија, дури и бил зад камерата за време на одредени сцени со поинтимен тон.


Поврзани објави

И додека некои јавно го фалат нивниот однос и уметничка соработка, други коментираат дека границата помеѓу приватното и професионалното може да биде збунувачка. Сепак, Елизабет и Демиен редовно објавуваат заеднички фотографии и видеозаписи, со што покажуваат колку се поврзани и колку им е важна меѓусебната доверба.

Љубовта со Били Реј Сајрус

Меѓу другото, Елизабет ужива и на емотивен план. Веќе некое време е во врска со американскиот кантри музичар Били Реј Сајрус, поранешен сопруг на пејачката Firerose и татко на Мајли Сајрус. Двојката првпат официјално се покажа во јавност во април оваа година, откако се запознале на снимањето на божиќниот филм Christmas in Paradise во 2022 година. Оттогаш нивната врска само напредува.

ФОТО: Инстаграм