Ви го откриваме најдобриот рецепт за полнет модар патлиџан без месо на турски начин
Состојки (за 4 лица):
- 4 помали модри патлиџани
- 2 главици кромид (ситно сечкани)
- 4 чешниња лук
- 3 домати (излупени и сечкани или 1 конзерва)
- маслиново масло (обилно, 100 мл или повеќе)
- 1 врзоп магдонос (ситно сечкан)
- сол, бибер, прстофат шеќер
- по желба: 1 пиперка или малку чили за поинтензивен вкус
- неколку капки лимонов сок
Приготвување:
Преполовете ги модрите патлиџани по должина (не до крај, нека останат како чамчиња). Издлабете ги малку со лажица и посолете ги. Оставете ги 20-30 минути да пуштат горчина, па измијте ги и исушете ги.
Во тавче во маслиново масло пропржете ги патлиџаните од сите страни додека омекнат и заруменат малку.
Поврзани објави
Извадете ги на салвета за да се впијат вишокот маснотии.
Во истото масло пропржете го кромидот додека стане стаклест. Додајте лук и домат, па динстајте додека испари вишокот течност. Додајте сечкан магдонос, зачини и шеќер. Соединете го сето тоа.
Наредете ги патлиџаните во огноотпорен сад. Со лажица отворете ја средината на секој патлиџан и наполнете ги со филот. Одозгора ставете неколку крукчиња домат или лимон (по желба).
Печете ги во претходно загреана рерна на 180-200 степени, околу 30 минути. Јадењето се јаде топло или ладно – најдобро млако со јогурт или леб.
ФОТО: Freepik