Table of Contents
Не станува збор само за чувство на пријатност – чистите чаршави, навлаки и прекривки нудат многу придобивки за вашето здравје
Кога зборуваме за домашните обврски, и домаќинките и вработените жени го сакаат летото поради брзото сушење на облеката. Ова годишно време е идеално за перење на сите гломазни работи, како што се ќебињата, прекривките, но и јорганите и перниците.
За време на оваа сезона, треба почесто да се менува постелнината, од навлаките за перници до чаршавите и прекривките. Секој има своја рутина, но во секој случај, постелнината во лето треба да се пере два-три пати неделно. Секако, има и такви што го прават тоа еднаш во седум дена, но и такви што постапуваат хотелски – секојдневно. Во просек, би требало да се менува на три дена.
Има повеќе причини зошто постелнината треба почесто да се пере во лето.
Пот, полен, грини
Во лето повеќе се потиме, а некои луѓе особено се потат навечер. Дури и со клима, потта се слева по нашето тело и ги натопува ткаенините на кои спиеме. Така, се изложуваме на ризик од бактерии и непријатни мириси. Тоа е првата и главна причина зошто почесто треба да менуваме постелнина. Освен тоа, низ прозорците преку ден влегуваат полен и други алергени кои пречат, а за грините што ги има во креветот, чистата постелнина е најдобриот лек.
Сè што важи за навлаките и чаршавите, важи и за навлаките за ќебиња и прекривки, а самото ќебе доволно е да се испере еднаш месечно или на три недели. Ако имате услови, најдобро е постелнината да се суши на свеж воздух, бидејќи така се задржува чувството на свежина. Сушарата за облека би можела да одмори во текот на летото.
Поврзани објави
Длабинско чистење
Сонот не се подобрува само со чиста и миризлива постелнина, туку и со душеците на кои спиеме. За тоа, најдобро е да повикате сервис за длабинско чистење, кои ќе ги отстранат микробите, грините, но и непријатните мирис со пареа и антисептици.
Постојат и добри домашни средства што се користат за оваа цел. Посипете сода бикарбона на целиот душек, оставете да отстои еден-два часа, а потоа добро исчистете го со правосмукалка. Сите непријатни мириси ќе исчезнат, а душекот ќе биде дезинфициран. Направете го тоа и на другата страна од душекот, бидејќи и таа е полна со штетни честички.
Немојте да ја замастувате постелнината со кремови и лосиони
Секако, најдобро е никогаш да не си легнувате без да се истуширате претходно, но применувајте го и следниов мал совет: ако не морате, немојте да нанесувате лосион на телото по бањањето, барем не навечер. Колку и да го впила кожата, сепак ќе се помеша со потта и ќе го направи спиењето понепријатно. А ако морате, направете го тоа така што ќе оставите доволно време за кожата целосно да го впие препаратот. Лосионот подобро е да го оставите за утринското туширање.
ФОТО: Freepik