Почетна Убавина и здравјеШтом почне да цвета, домот се полни со среќа и благосостојба – Убавина и здравје

Штом почне да цвета, домот се полни со среќа и благосостојба – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Кога ќе процути, со себе носи мир, среќа и благосостојба во домот

Можеби сега е вистинското време да си го набавите ова цвеќе, макар како декорација, бидејќи се верува дека кога ќе почне да цути, домот се полни со среќа и благосостојба. Во некои азиски земји важи за највредниот подарок што се пренесува од генерација на генерација.

Во Европа и Америка се одгледува исклучиво како собна, „прозорска“ билка. Во зависност од собните услови, експозицијата на станот, температурата на воздухот и годишното време, на билката треба да ѝ се обезбеди соодветно наводнување. Ѝ треба добро дренирана земја, никако не смее да е премногу влажна. Сака индиректна светлина. Станува збор за pilea peperomioides или поедноставно „кинески долар“ или „кинеско дрво на парите“.

Велат дека привлекува среќа и пари како магнет. Ја викаат и најпознатата билка на Инстаграм, бидејќи може да се види на многу фотографии на познати инфлуенсери и блогери.

Според верувањата на источните култури, зелените билки кои се бујни и здрави, предизвикуваат добро расположение и ја отстрануваат негативната енергија, а за кинескиот долар се верува дека привлекува пари како магнет.


Поврзани објави

Кинеско дрво на парите

Кинеското дрво на парите не може да се најде многу лесно, а цената му се движи од 350 денари па нагоре.

Лесно се негува, бавно расте, не го напаѓаат штетници и болести. Му треба многу светлина, но никако директна, а кога времето е убаво, може да се чува на тераса, доколку нема јако сонце. Во зима мора да биде во затворен простор, бидејќи не му одговараат температури под 10 степени. Обично расте до 30 сантиметри.

Експертите тврдат дека оваа билка со години им била енигма на европските ботаничари. Пристигнала во Европа во 1906 година, а ботаничарите ја донеле од Кина, од над 4000 метри надморска височина.

ФОТО: Инстаграм