На социјалната мрежа Reddit, една жена ја сподели својата непријатна и, како што ја нарече, „катастрофална“ свадбена авантура, на која била поканета како гостинка. Според нејзиниот опис, целиот настан бил хаотичен од самиот почеток.
Поканата ги содржела само основните податоци – локација и време – без какви било дополнителни насоки, како на пример дрес-код или веб-страница со детали. Свадбата се одржала на отворено, во влажно и спарно попладне, при температура од дури 34 степени Целзиусови.
Облекувањето на гостите било целосно несоодветно – од кратки панталони и маици, до долги свечени фустани. Една жена дури се појавила во целосно бел фустан, што дополнително предизвикало забуна и коментари.
Вода за 2 долари – само во кеш!
Во обид да се освежи, гостинката побарала вода, но ѝ било кажано дека чини 2 долари, и тоа само за готовинско плаќање, а таа немала кеш при себе. Недостигот на вода во услови на високи температури предизвикал шок и згрозеност кај присутните.
Јадење без прибор – десерт со раце
Ситуацијата се влошила за време на вечерата: храната била сервирана на шведска маса, прекриена со муви, а веднаш по десертот исчезнале чиниите, салфетките и приборот, па луѓето биле принудени да јадат со раце.
Поврзани објави
„Како од некоја лоша шега“
Авторката на објавата заклучила дека целиот настан изгледал како лоша шега или скриена камера, и изјавила дека никогаш повеќе нема да прифати покана на свадба без јасни информации.
Реакции од јавноста
Објавата доби над 300 коментари, при што многумина го поддржаа нејзиното мислење нарекувајќи ја свадбата „испит за преживување“. Некои биле шокирани од нехигиенските услови, а други – со доза на сарказам – ја опишале ситуацијата со јадењето со раце како „нов тренд“.
Кога естетиката е поважна од здравјето
Слични приказни се појавија и од други корисници. Една невеста, на пример, забранила амбалажирана вода за да не ја наруши естетиката на фотографиите – на ден кога температурата достигнала 38 степени, по што една личност речиси се онесвестила.
Текст: Убавина и здравје