Во сенка на последните скандали што ја тресат естрадата, долгогодишниот пријател и менаџер на Јелена Карлеуша, Зоран Бирташевиќ, конечно проговори за односот со поранешниот сопруг на пејачката – фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ.
Во кратка, но мошне јасна изјава, Бирташевиќ на Инстаграм откри дека меѓу него и Тошиќ владее – целосен молк.
„Во никакви односи сме!“, одговори тој на прашањето на еден следбеник: „Во какви односи си со Душко?“.
Бирташевиќ, кој важи за една од најважните личности во кариерата и животот на Карлеуша, особено во најтешките моменти, остана доследно покрај неа и како професионален соработник и како пријател.
Да потсетиме, Душко Тошиќ неодамна повторно предизвика бурни реакции во јавноста откако на социјалните мрежи упати навредливи коментари кон својата поранешна сопруга и мајката на неговите деца – Јелена Карлеуша. Срамната објава ја отвори вратата за нова естрадна војна, а оваа изјава на Бирташевиќ само уште повеќе фрла светлина врз затегнатите односи зад сцената.
Се чини, мирот меѓу старите блиски лица е далеку од можно сценарио.
Фото: Printscreen Instagram