Почетна ЕкономијаАзески на работна средба со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје

Азески на работна средба со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, денес ќе оствари работна средба со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, кандидат за градоначалник на Град Скопје и моментален претседател на ЗЕЛС.

Според информациите од Комората, за време на средбата, Азески и Ѓорѓиевски ќе дискутираат за економски прашања и за децентрализацијата на власта како темел за формирање на систем за делотворно функционирање на локалната самоуправа.

„На средбата ќе се разговара за економски теми со влијание на бизнисот и локалната самоуправа на Градот Скопје, како најголем индустриски центар во државата.“

Стопанската комора наведува дека „Фокусот ќе биде ставен на децентрализација на власта како основа за воспоставување систем за ефикасно функционирање на локалната самоуправа во служба на граѓаните и фирмите, за почитување на надлежностите (одговорностите и обврските) на Град Скопје, подобрување на инфраструктурата за зголемување на инвестициските активности и создавање поволна клима за раст на бизнисот преку кратење на долгите административни процедури, градежни дозволи, имотно-правни решенија и на образованието, за обезбедување стручен кадар преку активно вклучување на градот во подигнување на капацитетите на стручните училишта чие функционирање е во надлежност на локалната самоуправа.“