Почетна Убавина и здравјеРушиме митови за женското здравје со гинекологот Д-р Ивана Наков!

Рушиме митови за женското здравје со гинекологот Д-р Ивана Наков!

од nenad
1 минути читај за

Женското тело е вистинско чудо! Моќно, паметно и секогаш во движење- се менува, се прилагодува, комуницира – и ако го слушнете внимателно, ќе ви каже сè што треба да знаете за вашето здравје. Но сепак, многу девојки и жени растат без да ги знаат дури и најосновните работи за своето тело. Не затоа што не се заинтересирани, туку затоа што никој не им ги кажал!

Во морето од митови за женското тело, dm и гинекологот Д-р Ивана Наков ги откриваат фактите што секоја жена треба да ги знае – отворено, стручно и без табуа.

Дали сте знаеле дека матката е еден од најмоќните и најиздржливи органи во телото- орган што постојано се трансформира, обновува и прилагодува секој месец? Или дека вагиналниот исцедок е сосема природен показател на здравје, баланс и хормонална функција- а не нешто срамно?

Женското тело зборува, но премногу долго e замолчувано од стигми и митови. Вашето тело има свој женски ритам, своја приказна и свој глас – само треба да го слушнете. Време е да се скршат предрасудите: бидете љубопитни, храбри и гласни. Бидете дел од генерацијата жени што е информирана, прашува и зборува. Затоа што вашето тело е сила, а секоја жена заслужува да ја познава и разбира својата физиологија – без срам, со гордост. И да – со секој факт што го учиме, стануваме посилни, послободни и посигурни во себе.