Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го застаклија дворот на својот дом со најсовремен систем, создавајќи совршено катче за новото бебе.
Популарната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ наскоро ќе станат родители по втор пат, а пред доаѓањето на бебето, реализираа нешто што таа одамна го посакувала – застаклување на дворот од нивната куќа на Бежаниска коса.
Двојката ангажирала професионална фирма за застаклување со најсовремен систем кој не само што нуди заштита од сонце и дожд, туку овозможува и поголема функционалност и удобност во текот на целата година. Оваа идеја, велат блиски извори, била голема желба на Александра, која сакала да создаде мирен и естетски совршен простор за себе и своето новороденче.
Поврзани објави
Преку пријатели добија препорака за компанијата и сакаа сè да биде завршено пред породувањето. Кога ќе пристигне бебето, Александра ќе може да ужива во овој интимен и заштитен простор со неа“ – изјавил извор.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се венчаа во црквата „Свети Василије Острошки“, а во 2019 година добија син по име Александар. Сега, семејството го прошируваат со девојче, а се шпекулира дека ќе го добие името по мајка ѝ – уште една емоционална нишка во нивната семејна приказна.
printskrin Youtube-Telegraf.rs TV prija