Пејачката се откажала од алкохолот, инспирирана од шокантните навики на нејзината прабаба
Александра Младеновиќ откри дека љубовта кон алкохолот ја наследила од својата прабаба, која – како што раскажува – влечела ракија со црево директно од буре. Пејачката, гостувајќи во емисија, искрено зборуваше за својата борба со пороците.
Иако во семејството Младеновиќ никој не консумира алкохол, таа самата признава дека била „црната овца“. Мајка ѝ често ја молела да престане, а на крајот ја послушала – не сакала да ја повтори судбината на прабабата.
Поврзани објави
Сите се прашуваа на кого сум, а мајка ми ми кажа: „Имаше прабаба што пиеше со црево од буре.“ Тогаш си реков, не сакам да одам по тие стапки. Сакам да бидам подобра“ – изјави Александра Младеновиќ.
Одлуката да го остави алкохолот ја донела уште на почетокот од годинава, главно поради здравствени причини. Таа истакна дека издржливоста за настапи не доаѓа од пијалокот, туку од тоа да си „нормален во главата“.
printskrin Youtube-amig shov aleksandra mladenovic