Почетна Убавина и здравјеАцо Пејовиќ го откри својот најголем фетиш – „Срам ми е, ама сите пари ги давам на ова!“

Ацо Пејовиќ го откри својот најголем фетиш – „Срам ми е, ама сите пари ги давам на ова!“

од nenad
1 минути читај за



Пејачот призна дека троши богатство – некои дури не ги ни отворил

Ацо Пејовиќ, еден од најстилски дотераните пејачи на естрадата, јавно призна дека има фетиш. Тој откри дека троши огромна сума пари на чевли, иако дел од нив никогаш не ги облекол.

Имам многу парови чевли што не сум ги ни распакувал. Мислам дека е срамота – некој нема ни папучи да обуе, а јас купувам и не ги носам“ – искрено рече Ацо Пејовиќ.

Призна и дека понекогаш, иако доаѓа дома доцна и поднапиен, секогаш наоѓа време да ги исчисти и спакува чевлите.

Познатиот пејач не се води по модни трендови и смета дека е многу неумесно да се коментира како некој е облечен. За него стилот е прашање на вкус, а не на бренд или цена.

Ако сакам ќе носам и волнени гаќи – тоа е моја работа. Тие што коментираат, имаат 20 евра во плакарот и пола облека им е фејк“ – остро одговори Пејовиќ, бранејќи го правото на личен избор во модата.

printskrin Youtube-K1 TELEVIZIJA ACO PEJOVIC