Table of Contents
Мислите дека знаете како се приготвуваат тиквички? Размислете повторно! Иако изгледаат едноставно, повеќето луѓе прават една клучна грешка поради која ова лесно летно овошје (поврзано со тиква) ги губи вкусот, текстурата и своите здравствени придобивки.
Дознајте што НИКОГАШ не треба да правите со тиквичките – и како да ги приготвите како вистински кулинарски мајстор!
Тиквички – дар од природата
Тиквичките потекнуваат од Централна Америка, а во Европа се појавуваат по патувањата на Колумбо. Денес се незаменлив дел од кујните ширум светот, особено популарни во медитеранската и балканската исхрана.
Нутритивно, тиквичките се извонредно здрави – содржат над 90% вода, малку калории, а богати се со растителни влакна, витамини Ц, А и К, како и со калиум и магнезиум. Нивниот благ вкус и лесната сварливост ги прават идеална храна за деца, постари лица и сите што се стремат кон полесна и поздравa исхрана.
Најчестите грешки при приготвување тиквички
Иако се лесни за приготвување, многу често луѓето не ги искористуваат тиквичките на најдобар начин. Еве неколку грешки што треба да ги избегнувате:
1. Неисцедување на вишокот вода
Тиквичките содржат многу вода. Ако не ги посолите и оставите да пуштат течност пред печење или пржење, јадењето може да биде гмечливо и без вкус. Исцедете ги со кујнска хартија за да задржат хрскавост.
2. Претерана термичка обработка
Поврзани објави
Тие се готват брзо и не треба да се препечат. Подолго готвење им ја уништува текстурата, бојата и нутритивните вредности. Најдобро е да останат малку „ал денте“.
3. Недоволно зачинување
Бидејќи вкусот на тиквичките е благ, потребен им е добар баланс на зачини. Маслиново масло, лук, оригано, мајчина душичка и пармезан се совршени зачински партнери.
4. Користење презреани тиквички
Младите тиквички се многу повкусни, со помалку семки и понежна кора. Презреаните се тврдокорни и полни со влакна – подобро се користат во чорби или за полнење.
Како да ги користите тиквичките во кујната?
Можностите се навистина бројни. Тиквичките може да се:
-
полнат со месо, сирење или зеленчук
-
грилуваат и послужуваат како прилог
-
рендаат и додаваат во пити, чорби, па дури и колачи
-
кратко пржат со лук и маслиново масло
-
користат свежи во салати или како „тиквички шпагети“ (т.н. зудлс – zoodles)
Во модерната кујна, тиквичките сè почесто се користат како основа за здрави алтернативи – од безглутенски лазањи до посни чипсови.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Unsplash