Му се молам на Бога…
Креативниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ извесно време отсуствува од шоуто поради лоша здравствена состојба.
Сега за неговото здравје проговори неговиот соработник и пријател, водителот Зоран Пејиќ Пеја, кој откри дека Поповиќ е голем борец.
Му се молам на Бога да го надмине ова. Тој е голем борец и голем човек и заслужи да победи во сето тоа. Се подобрува, многу е бавно, но е достижно“ – почна Пеја, па откри како се држи Поповиќ:
„Се држи фантастично. Свесен е што треба да прави и го прави тоа. Тој патува, оди во Франција, па доаѓа дома. И овде има прегледи, тука има лекари кои се грижат за него. Сега е фокусиран на своето здравје. Сите контакти во врска со „Гранд“ ги остварува телефонски и дава директиви, бидејќи тој сепак е музички маг и сето тоа без него не би било тоа што е“ – нагласува водителот.
Поврзани објави
Додаде дека стресот влијаел на здравјето на Саша:
Сите болести доаѓаат од стресот, па веројатно и нему му се случило. Оперирав крвни садови. Мојата работа е исто така стресна. Од седум дена во неделата, шест од нив бев на пат. Седмиот ден доаѓам само да ја снимам емисијата и потоа се враќа на почеток“.
Фото: printskrin Youtube/K1 Televizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: