Table of Contents
Лебот е една од основните намирници во секојдневната исхрана, но состојките што се користат во неговото производство може сериозно да влијаат негативно врз здравјето.
Често се смета дека лебот е „лош“ и „нездрав“ поради тоа што претставува извор на брзи јаглехидрати со висок гликемиски индекс – што значи дека нагло го подига нивото на шеќер и инсулин во крвта, но потоа предизвикува пад што нè остава уморни, гладни и со зголемен апетит, а со минимална хранлива вредност.
Но нутриционистите ширум светот велат: лебот може да биде здрав – ако се избере правилната варијанта или ако се приготви со вистински состојки. На телото му се потребни јаглехидрати за енергија, но важно е тие да доаѓаат од непреработени, сложени извори, како што се:
-
Леб од цели зрна
-
Ражен или интегрален леб
-
Црн леб со природни влакна
-
Леб пориготвен со кисело тесто
Овие видови леб се побогати со растителни влакна, природни протеини, здрави масти и есенцијални минерали, кои го одржуваат нивото на енергија стабилно и ја зајакнуваат здравата цревна флора.
Но каде е „стапицата“?
Маркетингот знае како да манипулира – денес на полиците ќе видите леб со натписи како „здрав“, „полнозрнест“, „пекарски“, „со семиња“ или „занаетчиски“. Во реалноста, многу од нив се само ултрапреработени производи без вистинска хранлива вредност. Бојата, текстурата и „природниот“ изглед често се резултат на додадени бои и адитиви.
Тајната на црниот леб
Поврзани објави
Вистинскиот црн леб е богат со витамини од групата B и E, селен, железо, магнезиум, цинк и други вредни состојки. Благодарение на високата содржина на влакна, дава чувство на ситост дури и во мали количини – и затоа нутриционистите го препорачуваат како најдобар избор кога сакате да ги избегнете наглите напади на глад.
Но внимавајте: не секој „темен“ леб е вистински црн. Во фурните често се користи бело брашно со додатоци што му даваат темна боја – како пржен слад, какао, кафе или дури и црвено вино. Таквиот леб изгледа здраво, но нема ни приближно иста хранлива вредност како автентичниот црн леб.
Покрај тоа, вистинскиот црн леб е покомпактен, потежок и со помал волумен – не е „воздушест“ и лесен како белиот.
Внимавајте што купувате
Одлуките што ги носите секојдневно за храната што ја внесувате се клучни за вашето здравје. Затоа, нутриционистката Ивана Шарчевиќ советува:
Многу луѓе се откажуваат од лебот кога сакаат да ослабат, но тоа не е нужно. Постојат здрави алтернативи. Ако сакате да го подобрите своето физичко и ментално здравје, да го балансирате шеќерот во крвта, телесната тежина и плодноста, не ја избегнувајте целосно оваа намирница – туку бидете свесни за тоа кој леб го консумирате.“
Таа додава:
Проучете ги етикетите, прочитајте ги состојките и изберете она што навистина им одговара на вашите цели. А уште подобро – направете го сами, дома, со здрави и природни состојки.“