Table of Contents
Се разбира, вкусот не е запишан во ѕвездите, но астролошките карактеристики можат многу да откријат – кој природно зрачи со естетика, а кој порадо живее во свој хаотичен, но искрен свет.
Астрологијата не открива само карактер и судбина, туку и вкус. Некои хороскопски знаци по природа тежнеат кон убавината, естетиката, уметноста и стилот – додека на други тоа едноставно не им е приоритет. Додека едни имаат интуиција за боја, амбиент и мирис кој одзема здив, други се попрактични, посведени – или, сосема искрено, понекогаш без никакво чувство за стил.
Во продолжение, откриваме кои два знака се вистински уметници во душа, но и кои два најчесто грешат кога станува збор за естетиката.
Најголем осет за убавина: Терезија и Бик
Терезија – родена за естетика
Ако постои знак што е синоним за стил, вкус и елеганција – тоа е терезијата. Таа е под владеење на планетата венера, симболот на љубовта, убавината и уметноста. Терезиите имаат вродено чувство за пропорција, хармонија на бои, музика, мода и архитектура. Нивниот изглед секогаш е промислен, софистициран и умерен. Домот им мириса на свеќи со ноти од сандалово дрво, а нивниот гардеробер е сон за секој стилист.
Терезијата не поднесува кич. Таа лесно ја препознава лажната естетика и ужива во едноставна, но префинета убавина.
Бик – сензуален естета
Биковите се хедонисти. Нивното чувство за убавина не доаѓа само преку видот, туку и преку допирот, мирисот и вкусот. И со нив владее венера, но на земјен, опиплив начин. Биковите имаат совршено чувство за материјали, тонови и атмосфера. Нивниот дом е топол и удобен, модните комбинации – сведени, но луксузни, а животот го живеат со стил и мера.
Поврзани објави
Бикот знае да препознае квалитет. Тој нема да облече нешто само затоа што е модерно – туку затоа што му прилега и има трајна вредност.
Најмал осет за убавина: Стрелец и Рак
Стрелец – стилот му е во втор план
Стрелците се авантуристи по дух – ги привлекуваат идеите, патувањата, филозофијата… додека естетиката често им изгледа површна. Нивниот стил е импровизиран, хаотичен – а понекогаш и непостоечки. Се облекуваат во првото што ќе им дојде при рака, се пакуваат за пат во пет минути, а нивниот дом личи на чекална на аеродром.
Иако не се имуни на убавина, стрелците ретко ја ставаат на пиедесталот. Ним често им недостига трпение за мода, декорација или за фини детали.
Рак – помеѓу носталгијата и претерувањето
Раковите сакаат убави нешта, но носталгијата и емоционалната врзаност често ги обземаат – и тоа се одразува и врз нивниот стил. Нивниот дом обично е преполн со спомени: фигурички, тантели, семејни фотографии и сувенири од минатото.
Кога станува збор за модата, ракот оди на сигурно – без ризик, но и без свежина, што резултира со изглед кој е застарен или премногу сентиментален. Тој знае што му се допаѓа, но честопати му недостасува објективна мера.
Текст: Убавина и здравје