Овие летни намирници го поттикнуваат либидото и ја будат страста – директно од природата.
Летото е сезона кога желбата за љубов и интимност природно расте, а одредени намирници можат дополнително да ја разгорат страста. Стручњаците велат дека некои природни афродизијаци токму во летниот период даваат најсилен ефект врз телото и умот.
Првата намирница е лубеницата, позната како „природна вијагра“. Богата е со аминокиселини како цитрулин, кои го опуштаат крвните садови и го подобруваат протокот на крв – ефект сличен на лековите за потенција. Лубеницата воедно ја хидрира кожата и го освежува организмот.
Втората е чили пиперката, која преку активната состојка капсаицин го забрзува пулсот, ја зголемува циркулацијата и предизвикува чувство на топлина и возбуда. Малку пикантен вкус може сериозно да ја разбуди желбата, особено кога е консумиран свежо во летните салати.
Поврзани објави
На трето место е бобинестиот плод аронија, кој е богат со антиоксиданси и природни стимуланси. Аронијата го подобрува протокот на крв и го поддржува хормоналниот баланс, што ја зголемува сексуалната енергија, а летно време е совршен додаток во свежи пијалаци или овошни деликатеси.
Со овие природни сојузници, летото може да биде уште пожешко, а страста уште посилна – и сето тоа, без вештачки додатоци или лекови.