Младата пејачка потроши богатство за скап моден додаток што привлекува внимание.
Пејачката Анџела Игњатовиќ – Бресквица се појави на еден престолнички настан и предизвика вистински хаос со својот изглед. На себе го носеше ексклузивниот часовник од брендот „Bulgari“, модел „Serpenti Tubogas“, вреден неверојатни 7.200 евра.
Ова скапо парче накит и часовник во едно е изработен од не’рѓосувачки челик, со куќиште во форма на глава од змија и елегантна нараквица што се обвиткува околу раката. Дизајнот е инспириран од змијата како симбол на моќ и заводливост.
Фотографиите може да ги погледнете ОВДЕ
Според популарната Инстаграм страница „Sat na ruci“, цената на овој луксузен часовник на официјалната страница изнесува вистинско богатство – 7.200 евра. Очигледно, Бресквица не штеди кога станува збор за стил и статус.
Да потсетиме, Бресквица неодамна ја изненади јавноста со радикална промена на имиџот, кога од бринета премина во платинесто русокоса. Со овој скап детаљ, уште еднаш покажа дека е вистинска модна ѕвезда.
printskrin Youtube-republika tv breskvica