Јелена Карлеуша остана без својот Инстаграм профил, откако група граѓани собра речиси 300.000 потписи за негово суспендирање.
Профилот на познатата пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм е повторно укинат. Корисниците кои се обидуваат да ја пронајдат нејзината страна добиваат порака дека профилот не постои.
Најпознатата српска дива имаше над 2,5 милиони следбеници, а ова не е прв пат нејзината страница да биде избришана од социјалните мрежи.
Поврзани објави
Сѐ уште не е познато дали профилот е трајно избришан или привремено суспендиран, а Карлеуша засега не се огласила во врска со овој случај.
Во јавноста се појавија разни шпекулации за причините, но официјална информација сѐ уште нема. Фановите со нетрпение очекуваат одговор.
printskrin Youtube-pravlo lice estrade jelena karleusa