Податоците од статистичката агенција Еуростат покажуваат дека во јули 2022 година жените имале 32,7% од сите мандати во националните парламенти на Европската Унија, додека во светот просекот бил 26,4%. Во Европскиот парламент жените се исто така сè уште малцинство, но ги има пропорционално повеќе отколку во националните парламенти на земјите-членки на ЕУ. Со 39,3% жени, сочинуваат 705 пратеници во Европскиот парламент. Во националните парламенти на сите европски земји овој просек во февруари годинава изнесува 31,1%. Во светот, жените сочинуваат мнозинството во парламентот само во три земји, Руанда (61,3%), Куба (53,4%) и Никарагва (51,7%). Во регионот на Западен Балкан, во однос на пропорционалното учество на жените во националните парламенти, предводат Македонија со 42,5% и Албанија со 35,71%. Во оманскиот парламент има само две жени меѓу 85-те пратеници, а во кувајтскиот парламент жените имаат четири од вкупно 60 мандати. Постојат три земји во целиот свет чии парламенти немаат ниту една жена, а тоа се островските држави во Океанија, Папуа Нова Гвинеја и Вануату и Јемен на Арапскиот Полуостров.
Во земјите на ЕУ, жените заузимаат помалку од една третина од пратеничките места, додека Македонија има повисок просек од Европа.
73