Почетна ЕкономијаЕКО Грција со инвестиции од преку 60 милиони € во проекти за обновливи извори и намалување на емисиите до 68%

ЕКО Грција со инвестиции од преку 60 милиони € во проекти за обновливи извори и намалување на емисиите до 68%

од nenad
2 минути читај за

Со години наназад, ЕКО Грција е симбол на квалитет, доверба и одржлив развој. Нивната мисија е да обезбедат гориво со највисок стандард за автомобили, бродови или индустриски капацитети и сето тоа со почит кон животната средина.

EKO е една од најголемите нафтени компании во Грција, дел од групацијата Hellenic Petroleum (HELPE). Управуваат со бензински станици низ цела Грција и во други земји на Балканот. Основана е во Маруси (предградие на Атина) во 1962, развивајќи најголема домашна мрежа на горива во Грција.

Во Грција оперираат со преку 1 650 бензински станици под брендовите EKO и BP, а надвор од Грција, има уште околу 317 станици во регионот на Југоисточна Европа (Кипар, Србија, Бугарија, Црна Гора). Компанијата исто така управува со мрежа на 15 складишта за течни горива и распределбени капацитети во Грција, 23 аеродромски пумпи за авиоснабдување, има развиена индустриска, авио-и бродска дистрибуција на горива и мазути.

Клучни брендови на ЕКО се:

EKO Smile Card – лојалти програма со поени, попусти и награди

EKO Racing 100 – премиум гориво за високи перформанси

BP и EKO – два брендa кои ги поседува и менаџира на територијата на Грција

Компанијата има инвестиции од преку 60 милиони € во проекти за обновливи извори и намалување на емисии до 68% во последното десетлетие. Инвестира во зелена енергија, вклучувајќи EV полначи, биогорива и соларни системи. Имаат и програма “Green Spots” која овозможува рециклирање на батерии и масла, си инвестиција во над 300 локации со станици за електрични возила (во партнерство со ElpeFuture).

Претходната недела EKO беше и главен спонзор на Acropolis Rally од неговото враќање во WRC календарот во 2021 година што ја истакнува нејзината национална поддршка на спортот, туризмот и технологијата. Официјално се именува како „EKO Acropolis Rally Greece“ или рели на боговите.

Присутни се во 5 земји со околу 317 станици, вклучувајќи го и брендот OKTA во С. Македонија.